Договор за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и Центарот за развој на југозападниот плански регион, беше потпишан вчера на Плаошник, во рамки на свеченоста по повод доделувањето на дипломи на студентите кои успешно го завршија високото образование на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Договорот го потпишаа проректорот на Универзитетот Љупчо Трпезаноски и Мирјана Лозаноска од Центарот за развој на југозападниот плански регион, чие седиште е во Струга.

Со него се предвидува меѓусебна соработка, учество во заеднички проекти и соработка со други плански региони.


Универзитетот во Битола ќе го помага развојот на југозападниот плански регион

OhridNews