Универзитетот за информатички науки и технологии „ Св. Апостол Павле“ ја поддржа и активно се вклучи во есенската акција за пошумување, иницијатива на проектот „Ден на дрвото- засади ја својата иднина“.

Интернационалните и домашни студенти на УИНТ, како и наставно научниот и административен кадар на Универзитетот, по повод „Денот на дрвото“ засадија палми и зимзелени дрвца во Универзитетскиот двор.

Проректорот на „Св. Апостол Павле“ проф. Иван Бимбиловски и студентите при унивезризтетот беа дел и од вчера оджаната акција за садење палми во  Холандскиот парк, заедно со претставниците од локалната самоуправа и факултетот за туризам и угостителство.

OhridNews