Универзитетот за информатички технологии во Охрид ќе произведува елитни кадри
13.08.09 15:24
„Универзитетот за информатички технологии кој со работа ќе започне оваа есен во Охрид, ќе произведува елитни кадри кои ќе бидат конкурентни на светскиот пазар на труд“, истакна ректорот на универзитетот, проф. д-р Благоја Самакоски на средбата со новинарите што се одржа денеска во студентскиот дом „Никола Карев“. Таму привремено се сместени канцелариите на новиот универзитет, до завршување на адаптацијата на домот на АРМ каде треба да се одвива наставата во академската 2009/10 година. Универзитетот таму ќе работи до завршување на современиот универзитетски кампус кој ќе се гради во касарната во Охрид.
Самакоски истакна дека Универзитетот за информатички технологии е прв од таков вид на Балканот и на него ќе предаваат врвни професори од САД, Канада, Индија и Европа. Меѓу нив има стручњаци кои работеле на создавање на вештачка интелигенција и на проекти на НАСА, посочи Самакоски. Тој не откри колкави ќе бидат примањата на странските професори, затоа што, како што рече, немал такво овластување.
Првата година на новиот универзитет ќе бидат запишани 125 студенти кои ќе може да бираат помеѓу двегодишна стручна наобразба, тригодишно студирање за инженерско звање, или четиригодишно студирање кое ќе им донесе звање дипломиран универзитетски инженер.
Според заменик министерот за информатичко општество,. Мирјана Секуловска, новиот универзитет ќе отвори големи перспективи за младите во Македонија.
– Наместо нашите деца да одат по светот, врвни професори ќе доаѓаат да предаваат на универзитетот во Охрид, рече Секуловска. Таа истакна дека биографиите на професорите кои ќе предаваат на новиот универзитет се импресивни и дека знаењата со кои ќе се стекнат идните академски граѓани ќе бидат исклучително високи и ценети.
На свечен настан кој ќе се одржи во понеделник, 28 септември, со почеток во 19:30 часот во големата сала на НУЦК „Григор Прличев“ Охрид ќе бидат одбележани 30 години постоење на Клубот на млади на ...
Општина Струга го намали долгот за над 1,5 милиони евра од обврски акумулирани низ годините Од нив 570000 евра исплатени преку директни договори со доверителите, 200000 евра камати простени од дове...
ЈП Охридски Комуналец продолжува со акциите за собирање на текстилен отпад во соработка со „Училиштата без пластика“ кои ќе се спроведуваат секој последен петок од месецот Утре граѓаните имаат можн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.