Остварена е уште една успешна меѓународна соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, Република Македонија со Универзитети од Индија.

Претставници од Lincoln School of Business Management – India, Marketing Officer – Mr. Sukhdarshan Singh и Promoter – Mr. Gursewak Singh го посетија УИНТ каде остварија средба со проректорот за настава и меѓународна соработка Доц. Д-р Устијана Речкоска Шикоска и со асистентите М-р Јованка Дамоска и М-р Горан Шибакоски.

На состанокот одржан во просториите на УИНТ се разговараше за академска, научна и стручна соработка, се разгледаа можностите за студирање на студенти од Индија на УИНТ, овозможување на мобилност на академски кадар и студенти помеѓу универзитетите од Индија и УИНТ, како и соработка на научно-истражувачки проекти помеѓу УИНТ и Универзитетите од Индија, информираат од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.

OhridNews