Бројни успешно реализирани проекти бележи ЈУНП Галичица во годината што изминува. Од ЈУНП Галичица велат дека 2021 година за нив е од особено значење, исполнета со голем број на предизвици, активности и работни задачи, а меѓу нив и бројни значајните проекти.
Меѓу позначајните поекти се почетокот на имплементација на тригодишниот договор за финансиска подршка со Prespa Ohrid Nature Trust – PONT. Финализирање на изработката и донесувањето на Планот за управување со НП Галичица за периодот 2021 -2030, изработен од страна на вработените во установата, велат од ЈУНП Галичица.
Додаваат дека потпишани биле и голем број на меморандуми со значајни организации и вршители на дејност, а успешно била реализирана програмата за долгорочен мониторинг на биолошката разновидност.
Беа преземени и голем број активности околу грижата за елените во репродуктивниот центар, а беше и повторно забележан рисот после неколку децении. Ставен голем акцент беше и на еколошката едукација и реализирани голем број на работилници за деца, велат од ЈУНП Галичица.
Најавуваат дека следната година ќе биде, исто така, продуктивна и ќе се отпочне со реализација на Програмата за заштита на природата, изработена за 2022 година.
OhridNews












