Управниот одбор и Дирекцијата на Струшките вечери на поезијата со осуда за вандалскиот чин на оштетување и кражба на месингените плочки со имиња на добитници на Златниот венец на СВП од Паркот на поезијата во Струга.
Осудата од УО и Дирекцијата следи по вчерашниот вандалски чин, во кој засега непознат сторител уништи и украде 27 плочки со имиња на лауератите на СВП.
По повод 50 годишниот јубилеј на Струшките вечери на поезијата плочките беа обновени и поставени пред засадените дрва од страна на добитниците на Златен венец на СВП.












