УО на ФФМ на деншната седница одржана во Прилеп го одби како неоснован предлогот на ОФС Струмица за претседателската функција на ФФМ да го кандидира Масар Омерагиќ.
УО се повика на кршење на член 41. став 3 од Статутот на ФФМ кој предвидува кандидатот за претседател да биде делегат на општинското собрание одржано не подоцна од 30 дена пред стартот на Изборното Собрание на ФФМ, како и член 44, став 2 според кој поканите за делегатите на изборното собрание мора да бидат испратени најмалку 30 дена пред седницата на генералното собрание.
Според извештајот на Комисијата, условите за кандидати за Претседател на ФФМ ги исполнува Харалампие Хаџи-Ристески.
Предлогот на ОФС Скопје кој вклучува кандидат за претседател и член на УО ќе биде повторно вратен назад до ОФС на повторно изјаснување во согласност со чл. 50 , став 2 од Статутот на ФФМ според кој една општинска организација може да кадидира само една функција. Доколку ОФС Скопје не се изјасни во предвидениот рок, 20 дена пред стартот на Собранието, тогаш ќе се прифати кандидатурата за повисока функција , на Благоја Николовски за претседател на ФФМ.
Кошаркарите на Охрид утре во рамки на 11 коло од Првата лига гостуваат во Струга кај екипата на Црн Дрим Овој натпревар носи големо значење за продолжението на сезоната, велат од ГКК Охрид Со борбе...
Клубот за подводни дејности „Охрид“ го организира 4-от Македонски нуркачки конгрес со меѓународно присуство на 27-ми и 28-ми декември во Охрид, посветен на прерано починатиот нуркач од клубот Дејан...
По кратко боледување на 70-годишна возраст почина познатиот македонски фудбалер Васил Рингов Рингов имаше блескава фудбалска кариера во која го носеше дресот на Беласица, Партизан од Белград и Вард...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.