Управниот Одбор на НУ „Охридско Лето“, на денешната седница ја доби информацијата од министерството за култура, кое ја прифатило оставката што од лични причини на функцијата директор ја поднесол Васко Василески, кому со тоа му престанува мандатот, информираат од УО на фестивалот по денес одржаната итна седница во Скопје.

Во врска со новонастанатата состојба во Охридско Лето, Управниот Одбор, за доброто на фестивалот, за неговиот имиџ и во функција на кредибилитетот на оваа најстара и најреномирана манифестација од културата во Македонија, се залага во најскоро време да се реализираат потребните законски процедури и да продолжат подготовките за успешна реализација на програмата на Охридско Лето 2012 година, велат од Управниот одбор на НУ „Охридско лето“.

Управниот Одбор бил информиран дека министерството за култура за вршител на должноста директор на националната установа Охридско Лето, од редот на вработените ја именува Анита Алоска.

OhridNews