Во НП „Галичица“ има елементи на сомнително работење, обвини денеска членот на Управниот одбор назначен од општината, Ванчо Костоски. Според него во јавното претпријатие се вработуваат луѓе без претходно да биде направена систематизација, а сомнителни биле и некои финансиски трансакции, поради што  У.О. на шеснаесеттата седница со четири гласа за и еден воздржан донел одлука да се изврши ревизија на работењето на јавното претпријатие.

– До ден денешен таа одлука не се спроведе. Се изврши голем притисок од валадејачката ВМРО ДПМНЕ врз членовите од У.О. кој го промени ставот, и одлуката не стигна до Државниот ревизор со образложение дека ревизијата чини многу, дури и 50.000 евра. Соглаасно законот, Државниот ревизор е должен најмалку еднаш годишно да изврши ревизија, која е бесплатна во установите и јавните претпријатија кои што ги формира владата, рече Костоски.

На денешната прес конференција, Костоски ја обвини Владата дека две години по одземањето на  корисничкото право на приватна фирма над неколку атрактивни парцели во комплексот Св. Наум, државата сеуштене ги враќа нив  во владение на паркот.

-Станува збор за парцелите околу паркиралиштето и просторот каде што се наоѓаат времените објекти, од чие користње се заработува преку 40.000 евра годишно, а националниот парк е приморан да сече дрва за да го полни сопствениот буџет, рече Костоски.

Ohridnews