Од средината на април, преку интегрален компјутерски систем ќе се закажуваат прегледите на матичен лекар, односно интервенции кај специјалистите, најавува Министерот за здравство, Никола Тодоров.

„Идеата е преку овој проект да создадеме сеопфатен систем, кој ќе ги содржи сите здравствени податоци.“ – вели Тодоров.
Според министерот, електронскиот систем нема да им дозволи на лекарите да создаваат вештачки листи на чекање, а сите оние кои нема да го почитуваат ќе следат строги санкции и ригорозни казни.
Инаку, системот е еден од ретките во поширокиот регион, кој е вовеведен во здравството.
OhridNews












