Од НУ Центар за култура „Григор Прличев“ информираат дека во тек се уписите на нови членови во културно- уметничките друштва, хорот и балетот кои функционираат во рамки на центарот.

Културно уметничкото друштво ,,БИСЕРИ“ врши прием во понеделник од 20 часот до 22 часот и сабота  од 10 часот до 14 часот    , одговорно лице е Миленко Андрески.

Заинтересираните за запишување во културно уметничкото друштво ,, ОТЕКС“, тоа може да го направат во вторник од 19 часот до 22 часот и недела  од 10 часот до 14 часот    , одговорен за КУД ,, Отекс“ е Димче Трајчески.

Хорот врши прием на нови членови во вторник од 19 часот до 22 часот и четврток  од 19 часот до 22 часот, одговорен за хорот  е Александар Димоски.

Оние кои сакаат да се запишат на балет, своите пријавувања може да ги направат во вторник од 18 часот до 21 часот, среда од 18 часот до 20 часот, четврток  од 19 часот до 21 часот     и недела од 11 часот до 14:30 часот. Одговорно лице за балетот е Јулија Милески.

OhridNews