Во организација на Црвен крст Охрид, а со поддршка на волонтерите на Мировен корпус Македонија, започнаа уписите за новиот есенски циклус од едукативната програма Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 -7 години.

Уписот се врши во просториите на Црвен крст Охрид, на ул. Димитар Влахов бр. 52, од 8.30 до 16 часот, најдоцна до 19- ти септември. Информации на 046/262 706 или [email protected] 

На часовите на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и животни вештини и пред се, користење на англиска литература за деца од англиската библиотека на Црвениот крст Охрид, децата имаат можност да го надградуваат и зајакнуваат знаењето на англискиот јазик и да ја развиваат емоционалната сигурност, како и хуманоста и солидарноста од најмала возраст.

OhridNews