Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2009/2010 година во Република Македонија.

Првиот уписен рок во државните средни училишта ќе се одржи на 17 и 18 јуни, а вториот е на 29 и 30 јуни. Дополнителниот уписен рок ќе се одржи на 19 август 2009 година.

Критериуми за избор се среден успех на ученикот од петто до осмо одделение, среден успех постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмета важни за струката за која ученикот конкурира), дипломи за освоено прво, второ и трето место на  меѓународни и републички натпревари и средна вредност од поени добиени за поведение. За секој критериум ученикот добива одреден број поени, а по сите утврдени критериуми може да добие најмногу 80 поени. Во училиштата каде што ќе се пријават поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификациско тестирање од предметите значајни за струката.

Во трите средни училишта во Охрид ќе се запишат околу 1200 полуматуранти.

Ohridnews