Детскиот сон јаве стана за младиот ракометар Марко Танкоски од струшката ракометна школа кој потпиша четиригодишен договор со Металург.
На територијата Охрид и Струга ракометните школи се многу квалитетни, партиципираат многу млади дечиња кои сакаат да станат врвни ракометари.
Сениорските екипи на Охрид и Струга сезонава беа пример за сите ракометни клубови во Македонија. Без некоја голема финансиска помош станаа респектабилни екипи, а нивните натпревари беа празник на спортот.