Лидерот на табелата во Супер лигата, Пелистер нема сјајна најава за дерби средбата со Охрид во среда, откако управата на клубот си поднесе колективна оставка.
„Зелено белите“ моментално се без раководство и имаат само тренер во името на Стефче Алушевски, а во најскоро време треба да се решат прашањата за нова управа и финансиска криза која го зафати клубот.
Без разлика на сите проблеми ракометарите на Пелистер го водат орото во Супер лигата и се наоѓаат на првата позиција на табелата со два бодови повеќе од Охрид.
Менувањето на локалните власти донесе сериозни проблеми за клубовите кои се финансирани од општинските пари, помеѓу нив беше и Охрид кој заплива во мирни води и бележи посакувани резултати после поразот од Пролет на домашен терен.
OhridNews