Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Управата за финансиска полиција прими пет кривични пријави против поранешни градочалници на општините Струга, Свети Николе, Дебар, Студеничани и Долнени, како и против едно физичко и едно правно лице.
Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од член 275-в од Кривичниот законик.
Непосредно по доаѓањето на власт во локалната самоуправа во Струга Зиадин Села го обвини својот претходник Рамиз Мерко за неправилности при приватизација на имот на приватен универзитет во Струга, што тој го негираше. Обвинителството не соопштува детали за што ги сомничи поранешните градоначалници, освен дека кривичните пријави се проучуваат за донесување на понатамошна јавно обвинителска одлука по истите.
OhridNews