Расправијата околу отпочнатата процедура за донесување на Деталниот урбанистички план за Прва Урбана единица, кој опфаќа делови од заштитеното старо јадро на Охрид, не запира.

Заедничка реакција на предложениот ДУП, денеска најавија Управата за заштита на спомениците на културата и охридскиот Завод и Музеј, кој веќе упати сериозни забелешки на предложеното урбанистичко решение, нарекувајќи го кататсрофално за Охрид.

Забелешки имаат и дел од граѓаните од Стар град, но и стручната јавност која побара целокупната процедура да се врати на почеток. По средбата со граѓаните и стручњаците, градоначалникот на Охрид,  Александар Петрески, најави дека отпочната процедура ќе се врати на повторно разгледување. Заради тоа јавната анкета по предложениот Нацрт ДУП за Прва УЕ, наместо до денеска, како што првично беше предвидено, ќе трае до 30 март, а забелешките кои ќе произлезат од неа локалната вети дека ќе бидат земени предвид при изготвување на финалната верзија на планот.

Ohridnews