СВР Охрид, поднесе кривична пријава против Љ. И. (48) од Охрид управител на фирма ДООЕЛ „Гица„ и претседател на Здружение за еколошки земјоделски производи „Еко- Агро„ од Охрид, за кривично дело  „измама при добивање на кредит и други поволности“.

Пријавениот во 2007 година во својство на претседател на здружението, поднел барање за користење на мерки од програмата за поттикнување на развој на органско земјоделство, во кое доставил лажни податоци за соственост на земјоделска површина и притоа  добил субвенции во износ од 375.660 денари.  Пријавениот добиените парични сретсва ненаменски ги искористил во својата фирма ДООЕЛ „Гица„ со што го оштетил Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за наведениот износ, соопшти МВР.

СВР Охрид, поднесе кривична пријава против С.И. (37) од Охрид, медицински техничар во ЈЗУ Општа болница Охрид, за кривично дело „проневера во службата„. Пријавената во периодот од септемви-октомври 2008 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист зела и користела машина за перење,  во сопственост на ЈЗУ Охрид, донација од странски државјанин.

“Извор МВР“
OhridNews