Управниот одбор на Ракометниот клуб Охрид се сретна со градоначалникот Никола Бакрачески и бизнис заедницата од градот. Со обезбедување на опстанокот во Супер лигата охриѓани ја остварија првичната цел пред почетокот на сезоната.


– Многу сум задоволен што се направивме со РК Охрид во првата сезона од Супер лигата. Им се заблагодарувам на бизнис заедницата која покажа висока свест за општествената одговорност и помогна заеднички да подигнеме ракометниот клуб на повисоко ниво. Сето тоа придонесе Охрид да стане и ракометен центар што секако се потврди со организација на завршницата од Купот на Македонија во ракомет. Исто така среќен сум што и женскиот ракометен клуб „Моби Дик“ следната сезона ќе игра во елитата. Општината Охрид и јас како прв човек на градот недвосмислено ќе стоиме зад РК Охрид трудејќи се од година во година да се издвојуваат што повеќе средства за развој на спортот – потенцираше Бакрачески.
Од работењето и успесите на клубот задоволство искажа и бизнис заедницата која искажа подготвеност и во иднина да биде дел од структурата на клубот.
Мх.П.













