Управниот суд денеска на седница ќе расправа по 75 тужби доставени од Алтернатива и Алијанса за Албаниците за нерегуларности на штотуку завршените предвремени парламентрани избори. Тужба до Управниот суд поднесе и партијата Интегра.

Тужби до Управниот суд најавија и партиите Левица и ВМРО ДПМНЕ.

Инаку, претходно, Државната изборна комисија ги отфрли сите приговори на партиите како некомплетни или неосновани.

OhridNews