Управниот суд досега уважи пет од поднесените тужби од ВМРО-ДПМНЕ за општина Центар, за вториот круг од локалните избори. Со тоа се оспорува победата на кандидатот за градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски кој го победи противкандидатот, Владимир Тодоровиќ од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со помалку од 1.000 гласови.

Според бројот на гласачи во овие општини, прегласувањето може да влијае на изборниот резултат од вториот круг.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе вкупно 34 тужби до Управниот суд на одлуките на Државната изборна комисија, којашто ги отфрли сите приговори на партијата за општина Центар. Досега Управниот суд за Центар одби се само две тужби.

Управниот суд досега уважи две од вкупно осум тужби што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ за Струга.

OhridNews
Makfaks