Управниот суд вчера ја заврши седницата на која разгледа две од вкупно четири поднесени тужби од СДСМ и една од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со одлуките на Државната изборна комисија за наводни изборни нерегуларности.
СДСМ тужбите ги поднесе заради отфрлени приговори од страна на ДИК за избирачките места 1978 во Тетово и 2025 во Теарце. Судиите денес ќе продолжат со разгледување на уште две тужби на СДСМ и една на ВМРО-ДПМНЕ, по што ќе бидат објавени конечните пресуди.
Рокот до кога Управниот суд треба да ги соопшти пресудите истекува вечерва на полноќ.
OhridNews
извор Макфакс