Со цел да се излезе во пресрет на се поголемиот број граѓани кои, деновиве  поднесуваат документи за замена на старите со нови биометриски лични карти, СВР Охрид донесе одлука-  секоја сабота да биде работна за управните служби.

Согласно одлуката, од 21-ви овој месец, се до крајниот рок- 27 идниот месец, управните служби ќе работаат од 09 до 14 часот и ќе ги примаат граѓаните кои сеуште не ги замениле старите лични документи и сега ја отпочнуваат процедурата за вадење нови биометриски лични карти.

Работата на управните служби за време на викендите, ќе значи поголема ефикасност во процесот на замена на старите со нови лични документи, намалување на редиците граѓани и можност сите граѓани, навремено и во законскиот рок да ги извадат биометриските документи, велат од СВР- Охрид.

Зголемениот број на поднесени документи се решава со зголемен ангажман и со пренасочување на службениците кои работаат на издавање други документи.

За граѓаните кои нема да извадат нови биометриски лични карти, нема да има дополнителни санкции. Старите лични карти ќе бидат неважечки и нема да бидат  соодветни во платниот промет и при извршување на секојдневните обврски во институциите на системот.

OhridNews