Ураганот Дориан кој се приближува кон Флорида, прерасна во петта категорија, што значи дека може да предизвика катастрофални последици. Максималната јачина на ветрот достигнала брзина од 260 километри на час.

73.000 лица се загрозени од бурата, а жителите на малите острови се предупредени да се евакуираат. Хотелите се затворени, а голем број жители бараат засолниште во црквите, училиштата и други објекти во исчекување на ударот на ураганот подоцна во текот на денот.

Дориан во моментов е оддалечен околу 450 километри источно од Вест Палм Бич на Флорида.

Се предвидува дека Дориан би можел да предизвика сериозни поплави дури и ако не удри директно во копното.