Ураганот Флоренс го ослабе нивото на тропската бура, соопшти американскиот Национален центар за урагани, предупредувајќи дека невремето и понатаму ѝ се заканува на Северна и Јужна Каролина со силни ветрови и катастрофални речни поплави.

Ударите од ветерот достигнуваат сила од 110 километри на час.

Американскиот претседател Доналд Трамп гу уверил локалните загрозени подрачја дека федералната влада е подготвена да ја даде потребната помош за да се санираат последиците од поплавите и оштетувањата на имотите кои ги предизвика ураганот.