НАСА објави видео од ураганот Флоренс кој се приближува до крајбрежните подрачја на Каролина во САД. Снимките од ураганот се направени вчера наутро со камера со висока резоулција, надвор од Меѓународната вселенска станица.

Американскиот национален центар за урагани соопшти дека ураганот ослабнал, но дека сè уште се очекуваат невреме и дожд опасни по живот. Флоренс, кој од 4. премина во 3. категорија, се наоѓа на околу 595 километри источно од Јужна Каролина, со максимална брзина на ветерот од 185 километри на час.

Средиштето на Флоренс ќе се движи преку југозападниот дел на Атлантскиот Океан, меѓу Бермудските и Бахамските Острови и ќе се приближи до брегот на Северна Каролина или Јужна Каролина денеска или утре.