Во охридскиот Завод и музеј секој момент очекуваат Второстепената комисија да одлучи по жалбената постапка на една од фирмите која што го оспори изборот на најповолен понудувач на тендерот за реконструкција на куќата на Уранија.

Директорката на Заводот, Тања Бунташеска-Паскали вели дека со градежните зафати ќе се започне веднаш по добивањето одговор од страна на комисијата.

На тендерот се пријавиле две фирми заинтересирани да го реконструираат овој атрактивен објект.

Проектот за факсимилна обнова го изработи Заводот и музеј и со него се предвидува  статичко зацврстување на куќата која е разградена до камените ѕидови на првиот кат,по што таа автентично ќе биде реконструирана.

Музеј-куќата, која со одлука на Владата и е отстапена на трајно користење на МАНУ, новиот лик треба да го добие до наредното лето.

Ohridnews