Советот на Општина Охрид денеска ќе ја одржи 18-та седница на која,меѓу другото, е предложено да се расправа по предлог-одлуката за утврдување на висината на трошоците за уредување на градежното земјиште која беше повлечена од 17-та седница заради подобрување на предлогот, како и предлог-одлуката за измена и дополнување на режимот на сообраќај.

На дневен ред се вкупно 48 точки, од нив 33 се однесуваат на утврдување потреба од изработка на локална урбанистичка документација за одредени катастарски парцели, а шест предлог-одлуки се однесуваат на донесување Детални урбанистички планови.

Неофицијално дознаваме дека голем дел од предложените точки ќе бидат повлечени од расправа.


OhridNews