По претходно барање на жители од населбата Далјан, денес по налог на општина Охрид, беше урнат бесправно изграден ѕид- ограда крај една од  зградите во населбата.

Како што информираат од локалната самоуправа, несовесниот  жител, за лични интереси оградата   ја подигнал   на површина од   четриесеттина   метри, иако  немал дозвола за градба.

Од локалната самоуправа потенцираат дека во рамки на своите ингеренции, надлежните служби и во иднина ќе преземаат вакви активности  против  физичките  или правни лица  кои нелегално градат.

OhridNews