Старата куќа во распаѓање веднаш до сервисот за хемиско чистење во старата охридска чаршија, повеќе не претставува опасност за минувачите и околните објекти. Урната е неодамна од страна на сопственикот – Исламската верска заедница, по налог на Комуналната инспекција.
–Издадовме налог сопствениците да ја урнат старата куќа, бидејќи навистина претставуваше голема опасност и ја нагрдуваше чаршијата, ни изјави раководителот на Комуналната инспекција, Танас Танасоски.
Урната опасната куќа во старата чаршија
Сопствениците на околните објекти ни изјавија дека е добро што руинираниот објект конечно е урнат затоа што во последно време речиси секојдневно од него паѓале делови од кои, како што ни рекоа, „некој лесно можеже да настрада“.
Старата куќа на ИВЗ веќе не претставува опасност за минувачите
Во Охрид постојат и други стари објекти кои буквално се распаѓаат, но решение за нив тешко се наоѓа, велат од Комуналната инспекција.
Тешко се решава проблемот со старите градби
–Најчесто таквите објекти имаат повеќе сопственици кои не ги примаат решенијата за уривање. Согласно новите законски прописи за да може општината да урне еден таков објект неопходно е да се изработи посебен проект од страна на Секторот за урбанизам, вели Танасоски. Досега на територијата на општината изработен е само еден таков проект според кој беше урната старата градска библиотека, посочи Танасоски. Тој објасни дека општините немаат искуство во изработката на вакви проекти, а целлокупната административна процедура дополнително го усложнува проблемот со старите и опасни градби.
Гостите во „Ночолино“ лаунџ бар и џелатерија во Охрид мол, синоќа уживаа со музиката на групата „Сарај“ Љубителите на добрата забава од сите генерации во весела атмосфера заедно ги пееја прекраснит...
Ноќеска во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље – Струга, од слобода бил лишен 20-годишен жител на струшкото село Франгово При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопрел...
Постарите Охриѓани паметат дека најава за доаѓањето на пролетта е процветувањето на бајамите (бадемите), засадени во стариот дел на градот и во Горица Вообичаено ова се случува на средината на март...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.