Два руринирани објекти во Горна Влашка маала и во непосредна близина на црквата Св. Никола, Долна Влашка маала, вчера беа урнати со механизација, во рамки на акцијата на локалната самоуправа за отстранување на старите разрушени градби.


Руинираните објекти, со години претставуваа грда слика, но и опасност по животот на граѓаните кои секојдневно поминуваа тука. Уривањето по налог на Општинската инспекција го изврши градежната компанија „Ина трејд  – Лоте“.

Од општинскиот инспекторат информираат дека во Охрид биле евидентрани 16 руинирани објекти. Осум од нив ги урнале сопствениците, а кај останатите тоа ќе го направи општината.

OhridNews