Владата на Соединетите Американски држави и Американската агенција за меѓународен развој-USAID, ќе финансираaт проекти  за лица со посебни потреби во Македонија.
На јавниот конкурс кој беше објавен деновиве ќе може да аплицираат сите  организации или здуженија кои имаат или ќе изготват иновативен и ефективен проект за поголема инволвираност на лица со посебни потреби во општеството, како и за зајакнување на капацитетите на организациите кои работат со лица со посебни потреби.

Сите подетални информации поврзани со конкурсот заинтересираните кандидати можат да ги добијат на веб страницата на Министерството за образование на Република  Македонија. Крајниот рок за доставување на апликациите е 10 јануари 2012 година.

OhridNews