Проектот на УСАИД за граѓанско учество (CEP) денеска во Струга организира јавна презентација во хотел „Дрим“. Целта на презентациите е да се информира граѓанското општество, јавниот и приватен сектор, медиумите и општата јавност за целите на проектот и можностите за грантови.
Проектот за граѓанско учество е имплементиран од страна на Ист Вест Менаџмент Институт (East West Management Institute-ЕWMI), во партнерство со четири граѓански организации: Фондацијата за интернет и општество “Метаморфозис”, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Фондацијата Отворено општество-Македонија (ФООМ), и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).
OhridNews