Наближува крајниот рок за поднесување на Годишна даночна пријава 15-ти Март, потсетуваат од Управата за јавни приходи. Граѓаните, обврзници на персонален данок на доход и сите приходи кои ги остваруваат во текот на една календарска година треба да ги пријават во Управата за јавни приходи.

Приходите кои сте ги оствариле во текот на 2017 година, покрај тоа што сте имале обврска одделно да ги пријавите и за истите да платите персонален данок во текот на годината во рамките на законските рокови, должни сте и збирно да ги пријавите во Годишната даночна пријава, потенцираат од УЈП.

На две седмици пред истекот на рокот само 130.850 граѓани поднеле Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи.

OhridNews