Во рамките на активностите на Министерството за внатрешни работи за спроведување на Законот за јавна чистота, во периодот од 08,00 часот на 08. 10. 2008 година до 08.00 часот на 09. 10. 2008 година, на територијата на општина Охрид биле регистрирани 13 прекршоци.Најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на јавни површини, соопшти полицијата.

Министерството за внатрешни работи од отпочнувањето со активностите за спроведување на законските надлежности по Законот за јавна чистота на 22 септември 2008 година и заклучно со последните активности, издало вкупно  5.144 платни налози, од кои 252 платни налози се платени. Притоа, изготвени се вкупно 1.643 записници за општокорисна работа. Инаку, досега се поднесени 62 барања за поведување на прекршочна постапка, од кои 24 на подрачјето на општина Охрид.

Г.М.