
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.525, Ирак – 154, Авганистан – 119, Пакистан – 94, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19-ти јуни до 7-ми септември издадени се потврди на вкупно 64.522 странски државјани, од кои, 43.671 се од машки пол, 8.857 се од женски, 10.386 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.608 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 52.495, потоа Авганистан – 3.596, Ирак – 3.003, Пакистан – 1.876 Палестина – 780, Сомалија – 571, Бангладеш – 446, Конго – 324, Нигерија – 205, Камерун -160, Еритреја – 142, Етиопија – 109, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 7-ми септември, до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 6-ти септември, евидентирани се вкупно 10 баратели на азил, од кои шест баратели на азил се мажи (од кои еден барател на азил е повреден), една барателка на азил е женa и три баратели на азил се малолетни лица. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита четири баратели на азил – еден маж, една жена и две малолетни лица од кои едно малолетно лице е без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
OhridNews











