Министерството за внатрешни работи изминатите 24 часа (од 8 часот на 6-ти септември до 8 часот на 7-ми септември) издаде потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на 1.936 странски државјани, од кои, 1.155  се од машки пол, 283  се од женски, 392 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 106 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.525, Ирак – 154, Авганистан – 119, Пакистан – 94, додека другите се во помал број. 

Во периодот од 19-ти јуни до 7-ми септември издадени се потврди на вкупно 64.522 странски државјани, од кои, 43.671 се од машки пол, 8.857 се од женски, 10.386 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.608 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 52.495, потоа Авганистан – 3.596, Ирак – 3.003, Пакистан – 1.876 Палестина – 780, Сомалија – 571, Бангладеш – 446, Конго – 324, Нигерија – 205, Камерун -160, Еритреја – 142, Етиопија – 109, додека останатите се во помал број. 

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 7-ми септември, до Одделението  за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 6-ти септември, евидентирани се вкупно 10 баратели на азил, од кои шест баратели на азил се мажи (од кои еден барател на азил е повреден), една барателка на азил е женa и три баратели на азил се малолетни лица. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита четири баратели на азил – еден маж, една жена и две малолетни лица од кои едно малолетно лице е без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

OhridNews