
Тој е осомничен дека сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување.
Во соопштението на Судот се наведува дека надзорот над мерката куќен притвор ја спроведува битолската полиција, а доколку осомничениот не се придржува кон мерката куќен притвор против истиот ќе се определи мерка притвор.
Талески е еден од осомничените во случајот „Транспортер“ за местење тендери за превоз на ученици. Осомничените се товарат за злоупотреба на 360 илјади евра од буџетот преку злоупотреба на службената положба.
OhridNews
Извор:„Радио Слободна Европа“











