Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, донесе решение за продолжување на мерката куќен притвор за уште 30 дена за осомничениот градоначалник на Битола В.Т..

Претходно Апелацискиот суд Скопје го потврди решението на кривичниот совет на Одделението за организиран криминал за В.Т. кој е дел од предметот „Транспортер“ што го води Специјалното јавно обвинителство, кое побара продолжување на мерката притвор бидејќи истрагата се уште трае.

Градоначалникот на Битола заедно со уште 22 лица се сомничи за злоупотребa со превоз на ученици, којa се проценува на околу 360.000 евра. 

OhridNews