Само уште четири дена остануваат до истекот на рокот за пријавување екипи на 20-то јубилејно издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2025“ , кој завршува на 13 јули.
Котизацијата изнесува 4000 денари, а по истек на рокот пријавување нема да се врши, потсетуваат од организацискиот одбор
Турнирот во Велгошти годинава има рекорден награден фонд од 320 000 денари.
Победникот ќе инкасира 200 000 денари, второпласираната екипа ќе добие 80 000, третопласираната 30 000, а четвртопласираната 10 000 денари, информира организаторот.
Покрај овие, ќе бидат доделени и награди за најдобар играч и најдобар голман на турнирот во мал фудбал “ВЕЛГОШТИ 2025”.
Ждребката за групите ќе се одржи во Домот на култура во Велгошти во 20:00ч. на 13 јули.
Г.М.