Во претходно спроведените две фази од акцијата за чистење на дното на езерото беа извадени над 16 тони експлозиви, што значи дека вкупната количина на нексплодираните убојни средства што се извадени до сега од езерското дно изнесува близу 20 тони. Пиротехничарите и професионалните нуркачи што ја спроведуваат акцијата велат дека во текот на третата фаза се вршешело чистење на дното на езерото во близина на градското пристаниште и во Пештани.
Екрем Зендели, заменик директор на Дирекцијата за заштита и спасување, на денешната промоција на резултатите од акцијата, рече дека истата е исклучително важна, затоа што присуството на неексплодираните убојни средства во Охридското Езеро, претставува бебедносен, хуманитарен и економски ризик.
-Пронајдените убојни средства според видот имаат голема експлозивна моќ и како такви претставуваат континуирана опасност за населението и материјалните добра. Неексплодирани убојни средства има на целата територија на Република Македонија но најмногу се концентрирани во реоните на Солунскиот фронт. Овој проблем е особено присутен и актулеен особено во Југозападниот и Источниот дел на Македонија, рече Зендели.
Тој нагалси дека оваа акција не би била возможна доколку не добиле поддршка од Американската влада и Меѓународната фондација за заштита од мини ИТФ од Словенија.
– Со помошта што има ја обезбедивме од америчките фондови ние успеавме да ги обучиме македонските приотехничари и деминери успешно да ја извршат оваа задача. Акцијата е многу успешна затоа што до сега се прочистени огромни површини од Охридското Езеро и истите се успешно уништени, рече меѓу другото, американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс.
Инаку според направените проценки, големо количество неексплодирани убојни средства има и на струшкиот дел од езерото кај селата Калишта и Радожда, но таму се уште не е изведена акцијата за чистење.
фото: Емилио