Уште 42-ца граѓани на Охрид заработија казни за непочитување на Законот за јавна чистота, информираше МВР.

Во рамките на активностите на Министерството за внатрешни работи за спроведување на Законот за јавна чистота, во периодот од 08.00 часот на 3 октомври 2008 година до 08.00 часот на 6 октомври 2008 година, во Охрид  биле евидентирани 42 прекршоци на Законот за јавна чистота.

Најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на јавни површини , а дел од прекршоците се сторени на отворен простор пред јавен објект, соопшти полицијата.

Ohridnews