Британската премиерка Тереза Меј изјави дека уште 600 згради во Англија имаат слична високо запалива надворешна фасада како и кулата Гренфел, која целосно изгоре. Во тој пожар загинаа 79 луѓе, а станарите ги критикуваа локалните власти поради начинот и брзината со кои реагираа градските служби, но и поради вградувањето на запалив материјал за време на реновирањето на зградата.

Премиерката Меј во парламентот изјави дека резултатите од истрагата за пожарот ќе бидат објавени во наредните 48 часа.

OhridNews
Макфакс