Денеска истекува последниот рок за пријавување на повикот кој го објави општина Охрид, за учество на работилниците кои ќе бидат организирани за млади лица на возраст од 18 до 35 години.
Првата работилница ќе биде наменета за дизајнирање и изработка на филиграни и бисери, втората ќе биде за подготвување и пакување на традиционална храна и третата работилница ќе биде за изработка на електронска брошура за градот Охрид.
Сите заинтересирани лица кои го исполнуваат условот можат да се пријават во Секторот за туризам и локален економски развој или на телефон 046/230 – 175.