Остануваат уште два дена за пријавување на кандидати за обука за спасители на отворени води која ќе се реализира од 21 до 28 уни 2025 г. Обуката која е во организација на Црвен крст Охрид-Центар за безбедност на вода ќе се изведува на Охридското Езеро и содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални и меѓународни инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ИЛСФ).

Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:

  • да се постари од 17 години (да достават соодветен доказ-лична карта, извод на родени)
  • да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт
  • да достават потврда за здравствена способностт за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар / здравствена установа

Повикот трае до 19 јуни 2025, а кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов 52, Охрид, секој работен ден од 9-15 ч., на телефоните 046261909 и 070315309 или со пополнување на електронската пријава на линкот.

За сите кандидати кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со звање спасител на вода Црвен крст Охрид ќе обезбеди платен работен ангажман како спасител на вода на соодветни капалишта на Охридското Езеро, соопшти Црвен крат Охрид.

OhridNews