Уште две лаборатории од Охрид  склучија договор со Фондот за здравствено осигурување. Според новиот списокот на лаборатории кој е објавен на веб порталот на ФЗОМ, охридските осигуреници покрај ПЗУ “Дарон-мед”, со приложување на сини картони, ќе може да направат лабораториски анализи и во Приватните здравствени установи “Кардиолаб Маџаров” и “Сонце”. Покрај нив, лабороториски испитувања на товар на Фондот, може да се вршат и во сите охридските Јавни здравствени установи, кои имаат лаборатории.

Според новините кои Фондот за здравство, ги воведе со почетокот на 2010 година, со уреден упат од матичен лекар, во лабораториите кои имаат склучено договор со фондот, осигурениците,  ќе може да испитаат: основен хематолошки и уринарен статус, основен биохемиски статус, електролитен статус и да направат тест за бременост.

Покрај овие анализи со приложување на упат од лекар специјалист, осигурениците ќе може да направат и специфични лабораториски анализи од групата на глуциден, протеински , коагулационен и липиден статус, испитување на ензимите, елекролитите  и хормоните, испитување на имунулошкиот и уринарниот статус, како и  голем број на специфични лабораториски маркери.

Ohridnews