Триесет и двегодишна жена вчера почина од грипот А (Х1Х1), а кај шеесет и четиригодишен маж кој починал истиот ден, бил констатиран изолиран грип од типот А.

Починатата жена била примена на Инфективната клиника со општа изнемоштеност, сува кашлица, намален апетит и  отежнато дишење.Таа боледувала и од целебрална парализа, информираат од Комисијата за пандемски грип.

Шеесети четиригодишниот маж со симптоми на грип, на Клиниката за инфективни болести бил хоспитализиран пред два дена, а претходно се лекувал десет дена во болница во Охрид.

На Клиниката за инфективни болести во изминатото деноноќие биле хоспитализирани 11 нови пациенти, а таму во моментов вкупно се лекуваат 46 лица.

OhridNews
извор: Makfaks