Во последните 24 часа се направени 1674 тестирања, а регистрирани се 186 нови случаи на ковид-19, од кои 2 во Охрид, 6 во Струга,: 56 во Скопје, 16 во Куманово, 10 во Тетово…

Починати се 7 лица, еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70г), еден од Гостивар (61г) и тројца пациенти од Делчево (43,60 и 78г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти, 9 од Охрид и 4 од Струга.

Досега во земјата се направени вкупно 171.155 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16274, бројката на оздравени пациенти е 13635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1964.

OhridNews