На 30 ноември оваа година околу 21 часот, нарушен бил јавниот ред и мир пред казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид.

50-годишен жител на Охрид во видно алкохолизирана состојба, се обидел да влезе во објектот, што му било оневозможено од страна на работникот на обезбедување. Поради тоа, тој почнал да вика на висок тон и непристојно да се однесува употребувајќи навредливи зборови кон него. Со цел да се спречи натамошниот тек на нарушувањето, пријавениот е приведен во полициска станица. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Посочениот е последен во низата инциденти кои деновиве се регистрирани околу или во казина во Охрид.

OhridNews