Според информациите на СВР- Охрид, возачот на скутерот по настанот веднаш избегал преку плажата, оставајќи го во вода скутерот кој потоа бил одземен од страна на езерската полиција.
Надлежните потенцираат дека имаат информации за идентитетот на возачот на скутерот.
Поради зачестеноста на инцидентите во струшкото крајбрежје, независно од тоа што забраната за возење скутери во езерото стапува на сила на 20 јули, од денес, тимови составени од езерската полиција, СВР- Охрид и инспектор од охридската капетанија, ќе вршат засилени контроли преку целиот ден.